Nilay Kar
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турската државна хуманитарна агенција отвори осум нови библиотеки во Мексико, во една од двете сиромашни земји кои неодамна беа погодени од силен земјотрес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение се наведува дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) отвори библиотеки во училиштата во државата Чијапас, во градовите Сан Фернандо, Комитан де Домингес, Ла Индепенденсија, Чамула, Теописка и Синталапа.
„Над 500 ученици ќе ги користат овие нови библиотеки, кои ќе ги охрабрат да ги подобрат своите вештини во читање“, се додава во соопштението.
На церемонијата на отворањето, Енрике Торес Ривера, извршен директор на Националниот совет за развој на образованието во Мексико, упати пофални зборови за поддршката на Турција на образованието во оваа земја.
Ривера рече дека проектот на ТИКА ќе им помогне на училиштата да обезбедат подобро образование за своите ученици.
Истакнувајќи ја важноста на проектот, координаторот на програмата на ТИКА во Мексико, Мухамед Унал, рече дека нејзината цел е да им овозможи полесен пристап до информациите, особено на необразованите ученици во основното образование.
Минатата недела, најмалку 96 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Мексико, во државите Чиапас и Oaxaкa. Шеснаесет жртви се регистрирани во Чиапас.