Muhammed Emin Canik,Emel Gözellik
05 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.091 лице, во Мексико 523 лица, а во Индија 610 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.091 лице, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 64.265 лицa.
Во земјата се откриени уште 37.923 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани со вирусот порасна на 1.577.004.
Во земјата од вирусот оздравеа 876.359 лица.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
На глобално ниво Бразил е втора земја во светот по САД, според бројот на смртни случаи и лица позитивни на коронавирусот.
Институтот за статистика на Бразил претходно имаше објавено дека во мај 4,2 милиони лица го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, налик на симптомите што ги дава Ковид-19.
- Во Мексико 30.366 лица починаа од последиците на Ковид-19 -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа во земјата од последиците предизвикани од Ковид-19 починале 523 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 30.366.
Во Мексико детектирани се вкупно 252.165 лица позитивни на коронавирусот, од кои 6.914 во последните 24 часа.
Досега во оваа земја оздравеа 152.309 лица заразени со Ковид-19.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.
- Ковид-19 е причина за смртта на 19.279 лица во Индија -
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 610 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 19.279.
Во последните 24 часа се детектирани 24.015 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 673.904.
Во Индија досега оздравеа 409.083 заразени со коронавирусот.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е четврта земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.