Ekipa
13 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
БЕРЛИН (АА) - Германското обвинителство објави дека 26-годишниот Ирачанец, кој беше уапсен по нападот на автобусот во кој беа фудбалерите на Борусија Дортмунд, е осомничен за членство во ДЕАШ. Се додава дека засега не постојат докази дека Абдул Бесет А. учествувал во нападот на клубскиот автобус, во вторникот навечер, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објавеното соопштение се вели дека осомничениот се приклучил на ДЕАШ во Ирак кон крајот на 2014 година и дека водел единица од десетина војници кои биле вклучени во подготовката на киднапирања, грабежи и убиства. Наводно, тој во март 2015 година патувал во Турција.
Обвинителството тврди дека Абдул Басет А., чие презиме не е објавено поради германскиот закон за приватност, останал во контакт со припадниците на ДЕАШ по пристигнувањето во Германија, во почетокот на 2016 година.
Во текот на денот, судијата ќе одлучи дали тој ќе биде задржан во притвор.