Ali Semerci
24 Август 2024•Ажурирај: 25 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади на Појасот Газа убиени се 40.334 Палестинците од 7 октомври 2023 година, известува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа ги објави најновите информации за нападите на Израел врз Појасот Газа, кои траат веќе 323 дена.
Во соопштението се наведува дека израелската армија извршила 5 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 48 часа, а во овие напади животот го загубиле уште 69 Палестинци, а 212 биле повредени.
Бројот на загинати во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври досега се зголеми на 40.334 Палестинци, додека во истиот период се ранети 93.356 лица.
Министерството на палестинската енклава објави дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но дека медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не можат да стигнат до телата поради попречувањата од страна на израелските сили.