Aida Cako
30 Април 2025•Ажурирај: 01 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Палестински татко, кој ја загуби речиси целата своја фамилија во израелски воздушен напад, пронаоѓа утеха во облеката и играчките што останале од неговите убиени деца, јавува Анадолу.
Фирас Вишах изгуби три од своите пет деца, својата мајка и неколку блиски роднини кога неговиот дом во бегалскиот камп Бурејџ во централна Газа е срамнет со земја во израелскиот напад на 2 ноември 2023 година.
Тој и неговата сопруга биле повредени во нападот.
„Ќерката на брат ми живее со нас. Мисли дека јас сум ѝ татко, а мојата сопруга – мајка. Така нè нарекува“, вели Вишах.
Ужалениот татко често се враќа кај урнатините на неговиот поранешен дом, барајќи спомени од децата.
Играчките што ги наоѓа ги закачува на сушницата за алишта – гест што, според него, му помага да се справи со болката, но и служи како порака до израелските авиони што летаат над него: дека убиваат деца.