16 Јануари 2023•Ажурирај: 16 Јануари 2023
ДЊЕПАР (АА) - Операциите за пребарување и спасување на цивилите од под урнатините на зградата што пред два дена беше погодена во руски ракетен напад во Дњепар, источна Украина, сè уште се во тек, јавува Агенција Анадолија (АА).
Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера соопшти дека најмалку 30 цивили се загинати, додека над 30 лица се водат како исчезнати.
Екипите на теренот го забележаа моментот на спасување жена од под урнатините на зграда на брегот на реката Дњепар. Екипите на украинската брза помош успеале да стигнат до повредената жена.
Повредената жена која со помош на машини е извлечена од урнатините, со возило на брза помош е пренесена во болница.
Во Дњепар е прогласена тридневна жалост. Поставени се шатори за цивилите кои останаа без покрив над главата. Во станбената зграда живееле околу 400 цивили.