Dmitri Chirciu
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, истакна дека регионот Донбас во источна Украина нема да добие посебен статус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за полскиот весник „Жечпосполита“ (Rzeczpospolita), Кулеба зборуваше на теми за источна Украина.
Оценувајќи ја можноста за давање специјален статус на таканаречената Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск под контрола на проруските сепаратисти во регионот Донбас во Украина, Кулеба рече: „Ниту еден регион на Украина нема да има право на вето на националните одлуки. Ова е врежано во камен, овие региони нема да добијат посебен статус и нема да имаат право на вето, како што бара Русија.“
Кулеба, исто така нагласи дека спроведуваат реформи за намалување на централната моќ на државата.
Нагласувајќи дека се подготвени да работат на имплементација на Договорите од Минск за прашањето за Донбас, Кулеба рече: „Договорите од Минск започнуваат со членови од областа на безбедноста. Политичкиот дел од договорите е на второ место. Затоа, сите треба да се фокусираат прво за безбедносното прашање.“