Ayhan Şimşek
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Украинскиот претседател Петро Порошенко денес вети дека ќе биде одржан референдум за членство во НАТО како резултат на обновените тензии со Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како претседател, јас работам во согласност со мислењата на мојот народ, и ќе одржам референдум за прашањето во врска со членството во НАТО“, изјави Порошенко во интервју за германскиот весник „Берлинер моргенпост“.
„Доколку Украинците гласаат ,за', ќе сторам сѐ што е во моја моќ за да го постигнам членството во трансатлантската алијанса“, додаде тој.
Забелешките на украинскиот претседател доаѓаат по новата борба меѓу владините трупи и проруските сепаратисти во источна Украина.
Русија долго се противеше на кандидатурата на Украина за членство во НАТО, а тој поглед продолжи да се проширува источно од алијансата какo потенцијална воена закана.
Порошенко не го одреди датумот за референдум, но нагласи дека во изминатите години, меѓу украинските граѓани почнала да се зголемува поддршката за членство на Украина во НАТО.
„Пред четири години, речиси 16 отсто го поддржуваа членството на Украина во НАТО. Сега тоа изнесува 54 отсто“, вели тој.
НАТО неодамна ја интензивираше воената соработка со Украина, но се воздржа од нудењето целосна перспектива за членство, поради резервираниот став од страна на клучните членови, Германија и Франција.
Источниот дел на Украина уште од април 2014 година е зафатен со судири, по руското анексирање на Крим.
Според ОН, во борбата меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти во источна Украина загинаа повеќе од 9.600 лица.