Zehra Ulucak
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
МЕКСИКО (АА) - Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) повика на меѓународна поддршка за Костарика и другите земји што ги отворија своите врати за државјаните на Никарагва кои избегаа од насилството во нивната татковина, јавува Anadolu Agency (AA).
„УНХЦР упатува повик за солидаризација и дополнителна поддршка на Костарика и останатите земји кои ги отворија своите врати за илјадници жители на Никарагва, што ја напуштија земјата поради сериозното нарушување на нивните права и политичко насилство“, се вели во соопштението.
Исто така се истакнува дека е зголемен бројот на барања за азил во Костарика.
„Во моментов се поднесуваат 200 барања“ се вели во соопштението.
Според податоците со кои располагаат УНХЦР и Костарика, од април досега се поднесени 8.000 барања за азил.
УНХЦР информира дека во Костарика се засолниле меѓу 100.000 до 150.000 семејства од Никарагва.
Протестите против реформите во Никарагва во април прераснаа во демонстрации од широки размери. За време на протестите во земјата животот го загубија повеќе од 400 лица.