Betül Yürük
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
ЖЕНЕВА (АА) - Комесаријатот на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека оваа година по морски пат во Европа влегле повеќе од еден милион бегалци, вклучувајќи ги и 84 отсто од оние кои бегаа од со војна зафатената Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Од почетокот на оваа година во Грција преку Егејското Море пристигнале 844 176 бегалци, во Италија преку Средоземното Море 152.700, 3592 во Шпанија, а на ист начин на Малта пристигнале 105 бегалци.
Покрај Сирија, најголем број на бегалци во Европа доаѓаат од Авганистан, Ирак, Еритреја, Пакистан, Нигерија, Сомалија, Судан, Гамбија и Мали. Паралелно со тоа, во потонати бродови и други несреќи на патот кон Европа во морињата се удавиле најмалку 3.735 бегалци.
Во споредба со бројките од минатата година, оваа година во Европа пристигнале петпати повеќе бегалци, а Стариот континент за прв пат стана средиште на најголемиот бегалски бран по Втората светска војна.