Recep Şakar
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
МЕЛБУРН (АА) – Ураганот Деби, кој беше причина за смртта на осум лица во државите Нов Јужен Велс и во Квинсленд, Австралија, предизвика поплави на северниот остров од земјата, по што околу 2.000 лица беа евакуирани на безбедни места, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на Радио Нов Зеланд, од обилните врнежи предизвикани од ураганот, поплавен е градот Еџкумб, кој се наоѓа на Северниот Остров.
На островот беше упатен повик за преземање превентивни мерки, односно евакуација на илјадници луѓе кои живеат во регионите на островот каде што врнежите продолжуваат. Се дознава дека како резултат на прелевање на водата од коритото на реката Рангитаики, 200 куќи се под вода, а околу 2.000 лица од градот се евакуирани со трактори и со чамци.
Полицијата соопшти дека водите од поплавите во некои региони надминале висина од два метри и оти се трага по едно исчезнато лице, но досега нема човечки жртви.
Се забележува дека обилните дождови почнале да влијаат и на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Сообраќајот во градот Оукленд е отежнат, а повеќето летови се одложуваат или пак доцнат.
Ураганот Деби, кој минатата недела ги зафати Нов јужен Велс и Квинсленд, предизвика смрт на осум лица, а илјадници луѓе беа евакуирани на безбедни места во Австралија.