Ata Ufuk Şeker
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот парламент денес ја усвои предлог-одлуката според која државјаните на Велика Британија и по Брегзит во ЕУ ќе патуваат без визи, без оглед на тоа како процесот на Брегзит ќе се одвива, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот парламент на денешното заседание во Брисел дискутираше за безвизниот режим меѓу Европската Унија и Велика Британија по Брегзит.
Овој предлог, кој претходно е упатен на Европскиот парламент, е усвоен со 502 гласа „за“, а против беа 81 пратеник. Ова практично значи дека по Брегзит ниту Велика Британија ниту земјите на ЕУ нема да воведуваат визи.
Според оваа одлука, на државјаните на Велика Британија нема да им биде потребна виза доколку во членките на ЕУ престојуваат до 90 дена во временски период од 180 дена.
За оваа одлука да стапи на сила, неопходно е да помине и во Советот на ЕУ, и пред 12 април да биде објавена во Службениот весник на ЕУ.