İlker Girit
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Уште двајца мажи се уапсени денес во Њупорт, Јужен Велс, во врска со минатонеделниот бомбашки напад во лондонското метро, потврди британската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Со денешното апсење на 48-годишно и 50-годишно лице, бројот на притворените во врска со бомбашкиот напад во „Парсонс грин“ се зголеми на петмина.
Вчера, 25-годишно лице осомничено за нападот, исто така, беше притворено на друго место во Њупорт.
„Тој беше уапсен според член 41 од Законот за тероризам и беше одведен во полициска станица во јужниот дел на Лондон, каде што останува во притвор“, се вели во изјавата на лондонската полиција.
Во текот на викендот, две осомничени момчиња на возраст од 18 и 21 година беа исто така притворени во врска со нападот во метрото и се наоѓаат во притвор.
Претресот на двете адреси во Њупорт е во тек.
Триесет лица се здобија со повреди и изгореници кога импровизираната направа делумно експлодираше во лондонската подземно метро станица „Парсонс грин“ на линијата Дистрикт.
Британија првично го подигна нивото на закана од тероризам на највисоко, „критично ниво“, што значи дека е очекуван нов, неизбежен терористички напад, но потоа нивото го намали на „сериозно“.