Ekipa
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот државен секретар Џон Кери изјави дека вчерашниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп на седницата на Генералното собрание на ОН може да претставува опасност и да ги воведе САД на патот на изолација, пренесува Anadolu Ageny (AA).
Кери утринава, за телевизијата MSNBC (Ем-ес Ен-би-си) го коментираше вчерашниот говор на Трамп во ОН, а особено ги критикуваше отворените закани на Трамп за потполно уништување на Северна Кореја и истакнувањето дека води политика прво Америка, па потоа останатите.
Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е човек-ракета на самоубиствена мисија и оти САД, ако бидат принудени, во потполност ќе ја уништат Северна Кореја.
„Мора сите да се запрашате дали Америка е побезбедна поради 'човекот-ракета'“, изјави Кери критикувајќи ја грубата реторика на Трамп.
Кери изјави дека реториката на Трамп многу ќе ѝ отежни на американската дипломатија кога е во прашање решавањето на проблемот со Северна Кореја, но и во другите околности.
Кери посочи дека Трамп вчера пред Генералното собрание ја истакнал мантрата „прво Америка“, и рече дека целта на таа порака било задоволување на поддржувачите, но оти така е занемарена светската јавност.
„Во ОН држите говор со којшто ќе ги доведе луѓето на преговарачка маса“, порача Кери.