John Jerome Ganzon
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
МАНИЛА (AA) - Карен Ибаско од Филипините е новата Мис на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Избор за мис на светот е одржан во филипинскиот град Пасај, а круната на Филипинката ѝ ја предаде Кетрин Еспин, која минатата година ја однесе победата на натпреварувањето минатата година.
Титули во различни категории добија и Русинката Лада Акимова, Колумбијката Јулијана Франко и Нина Робертсон од Австралија.