Ekip
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ЗАМБОАНГА СИТИ (AA) - Филипинското Министерство за здравство во четвртокот прогласи епидемија на лептоспироза во 18 села и седум градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во телевизиско интервју, секретарот на Министерството за здравство, Франсиско Дуке III, рече дека бројот на случаи веќе го „премина прагот на епидемијата“ и дека сега е повисок од просекот на бројот на случаи во последните пет години.
Тој рече дека од епидемијата се погодени градовите Кезон Сити, Тагуиг, Пасиг, Паранаке, Навотас, Мандалујонг и Малабон.
Дуке III претходно оваа недела изјави дека во неговиот оддел во болницата од јануари до јуни забележан е пораст од 60 проценти на случаите на лептоспироза или вкупно 1.040 пациенти во земјата, вклучувајќи и 38 смртни случаи.
Од вкупниот број болни, над 200 се од Манила.
Доктор Луис Лимчиу, претседател на Националниот институт за бубрези и трансплантација во Кезон, минатата недела изјави дека и покрај тоа што се очекува зголемување на случаите на лептоспироза, приемот на пациенти во државната болница оваа година е поголем од вкупниот број пациенти во 2017 година.
Здравствените експерти велат дека вирусот кој се пренесува преку контакт со урина од заразени животни е распространет поради честите поплави во главниот град од почетокот на дождовната сезона во јуни.