İlayda Çakırtekin
15 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека се надева на „итен“ и „безусловен“ прекин на огнот преку мировните преговори меѓу Русија и Украина денес во Турција, јавува Анадолу.
„Најдоброто на што може да се надеваме во овие технички дискусии е навистина прекин на огнот, итен, безусловен прекин на огнот што би овозможил соодветни мировни преговори“, рече Жан-Ноел Баро денес пред почетокот на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија, Турција.
Во врска со извештаите дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на мировните преговори во Истанбул, Баро рече дека има „празен стол“ пред Украина која „го чека“ Путин.
„Русија е подготвена да ги избегне големите санкции за нафтата, за финансискиот сектор што ги подготвуваат САД и Европејците во случај Русија да продолжи да одбива прекин на огнот“, нагласи тој.
Баро дополнително предупреди дека претстојните преговори треба да избегнат „три стапици“ што довеле до неуспех на претходните преговори: продолжување на преговорите во услови на активни непријателства, принудување на Украина да се демилитаризира без безбедносни гаранции и укинување на санкциите на почетокот на преговорите.