İlayda Çakırtekin
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Францускиот претседател Емануел Макрон денес упати поддршка и сочувство до народот на Венецуела, по смртоносните земјотреси што во текот на ноќта ја погодија земјата, јавува Анадолу.
„Мислите и поддршката се со венецуелскиот народ по земјотресот што ја погоди земјата. Изразувам целосна солидарност со жртвите, нивните блиски и со сите оние кои се мобилизирани на терен“, напиша Макрон на американската компанија за социјални медиуми Х.
Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, синоќа прогласи вонредна состојба на национално ниво, откако силни земјотреси го погодија северниот дел на карипскиот брег на земјата, предизвикувајќи обемни материјални штети и активирајќи ги предупредувањата за цунами низ регионот.
„Најмалку 32 лица загинаа во последователните земјотреси со висок интензитет, а околу 700 луѓе се повредени“, објави Родригез утринава.