Ekipa
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Франција нареди евакуација на речиси 2.300 мигранти од импровизираните кампови во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ресорниот француски министер Жерар Колом денес изјави дека на полицијата ѝ издал наредба што побрзо да ги евакуира мигрантите за да се обиде да им удоволи на построгите мерки на новиот закон за имиграциите и барањата на хуманитарните организации за обезбедување сместување за таа загрозена популација.
Во изминатите неколку недели расте бројот на шаторските населби кои мигрантите ги подигаат на бреговите на каналот во источниот и североисточниот дел на Париз.
Од почетокот на месецот најмалку двајца мигранти се удавија во реката, а локалните власти и населението стравуваат за безбедноста и јавната хигиена.
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, побара помош од француската Влада, а градските власти изминатите три години евакуираа речиси 28.000 мигранти.
Министерот Колом остро го критикуваше Кабинетот на градоначалничката Идалго поради одбивањето да ги евакуира и новопристигнатите мигранти од Париз. Тој повика на донесување долгорочен план за регулирање на мигрантското прашање.