Ekip
18 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
БЕЈРУТ (АА) - Либанските телевизиски куќи утринава прикажаа снимки од премиерот Саад Харири како пристигнува во Франција од Саудиска Арабија во екот на политички превирања, пренесува Anadolu Agency (AA).
Снимките го прикажуваат Харири како излегува од автомобилот пред својот дом во Париз, откако веднаш поминал во зградата пред насобраните новинари, на кои не сакал да даде изјава.
Премиерот беше во придружба на сопругата Ларе ал-Азм, но со нив не беа нивните три деца, или барем не се прикажани на снимките.
Харири на 4.ноември во телевизиското обраќање од Саудиска Арајабија најави дека поднесува оставка, што доведе до политичка криза во Либан. Либанскиот претседател Мишел Аун одби да ја прифати оставката, додавајќи дека Саудиска Арабија го задржаала против негова волја.
Од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон објавија дека го очекуваат Харири денес попладне во париската претседателска палата. Додадоа дека Харири бил примен како премиер, без оглед што објавил дека поднесува оставка.