Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Јануари 2019•Ажурирај: 14 Јануари 2019
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Од последиците на хантавирусот, заразна болест на белите дробови, во Аргентина починаа 9 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хантавирусот се карактеризира со симптоми налик на грип, кои многу бргу можат да напредуваат и да доведат до проблеми со дишењето, загрозувајќи го животот.
Аргентинските официјални лица наведуваат дека епидемијата е забележана во почетокот на декември во Епујен. Евидентирани се 26 лица заболени од овој вирус, а 9-мина од нив починаа.
Судијата Мартин Закино донесе одлука за едномесечна забрана за движење на жителите на подрачјето Епујен, во кое живеат околу 3.000 лица.
Привремено се забранети собири, освен погреби. Од 2013 година наваму, во Аргентина од хантавирусот починаа 111 лица.