Mehmet Nuri Uçar,İdris Okuducu
12 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, зборувајќи во врска со повлекувањето од Сирија изјави дека ја разбира потребата на Турција за заштита на границите и народот, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео за саудискиот телевизискиот канал „Ал Арабија“, во врска со повлекувањето на американските војници, изјави: „Ја разбираме потребата на Турција за заштита на границите и народот.“
Помпео, истакнувајќи дека САД ќе продолжат да бидат присутни на Блискиот Исток, додаде: „Им кажуваме на нашите сојузници дека не се повлекуваме од подрачјето.“
Министерот за надворешни работи, Помпео, рече дека примарна цел на САД е отстранување на терористичката организација ДЕАШ, изјавувајќи дека тоа ќе го спроведат во соработка со сојузниците од регионот.
Осврнувајќи се и на убиството на новинарот Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, Помпео рече дека посакува пред суд да бидат изведени сите вмешани во убиството на Кашоги.
Помпео рече дека не може да се стави ограничување на соработката меѓу Саудиска Арабија и САД поради убиството на новинарот Кашоги, истакнувајќи: „Саудиска Арабија е значаен сојузник на САД и нашата соработка ќе продолжи.“
Во врска со прашањето за Иран, Помпео го рече следното:
„Потребно е народот на Иран да знае дека е неприфатливо иранскиот државен режим да интервенира во внатрешните работи на други земји. Сакаме да го чуеме гласот на иранскиот народ. Сакаме иранскиот народ да знае дека му посакуваме достоинствен живот.“