Mohamed Sabry Emam Muhammed
25 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
БЕЈРУТ (АА) - Либанската група Хезболах го негираше соборувањето на двете израелски беспилотни летала, кои утринава се срушија во јужното предградие на главниот град Бејрут, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Првото беспилотно летало се сруши, додека другото експлодираше, предизвикувајќи сериозно оштетување на канцеларијата на прес-службата на Хезболах во јужното предградие“, изјави портпаролот на Хезболах, Мухамед Афифи, за официјалната Либанска новинска агенција.
„Првото беспилотно летало што падна сега е во рацете на Хезболах, кој ја анализира позадината на неговото работење и задачите што се обидело да ги изврши“, рече тој.
„Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, подоцна ќе одржи говор за да даде одговор во врска со настанот“, вели портпаролот.
Либанската Армија потврди дека едно израелско летало паднало, а друго експлодирало во јужното предградие на Бејрут.
„Армијата пристигна веднаш и ја опколи областа каде што паднаа двете беспилотни летала“, се вели во соопштението на Армјата.
Нема коментар од Израел во врска со инцидентот, кој се случи неколку часа откако Израел објави дека извршил воздушни напади во Сирија против позициите на група поддржана од Иран.
Во 2006 година, Израел започна војна против Хезболах за време на која загинаа најмалку 1.200 лица, поголемиот дел либански цивили.