свет

Хезболах кон Израел истрела над 200 ракети по убиството на нивен командант

Хезболах рече дека ракетниот напад бил насочен кон неколку воени бази во Северен Израел

Ahmed Asmar  | 04.07.2024 - Обновена : 05.07.2024
Хезболах кон Израел истрела над 200 ракети по убиството на нивен командант

БЕЈРУТ (АА) - Хезболах истрела повеќе од 200 ракети во северниот дел на Израел, соопшти либанската група денес, еден ден по убиството на висок воен командант во израелски воздушен напад, јавува Анадолу.

Хезболах рече дека ракетниот напад бил насочен кон неколку воени бази во Северен Израел, вклучително и штабот на 91. дивизија во касарната Ајлет, штабот на 7. оклопна бригада во касарната Кацавија, штабот на оклопниот баталјон на 7. бригада во касарната Гамла, штабот на 210. дивизија Бас во базата Нафа и артилерискиот полк во касарната Јарден.

Либанската група соопшти дека со проектили го гаѓала и пунктот на израелската армија Руисат ал Алам, местото Марџ и локацијата Ал-Багдади во Јужен Либан.

Хезболах рече дека ракетните напади се одговор на израелскиот атентат на неговиот командант Мухамед Наим Насер (59), кој беше убиен во израелски напад во крајбрежниот град Тир вчера.

Засега нема коментар од израелската армија за денешните напади на Хезболах.

Израелската армија вчера соопшти дека Насер бил командант на единицата Азиз на Хезболах, една од трите регионални дивизии на групата во Јужен Либан, како и дека е одговорен за истрелување ракети кон Северен Израел.

Либанската државна Национална новинска агенција во меѓувреме објави дека едно лице загинало во израелски воздушен напад во јужниот град Хула.

Тензиите по должината на границата на Либан со Израел се зголемуваат поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива врз Појасот Газа, во која се убиени повеќе од 38.000 луѓе од 7 октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.