свет

Хезболах тврди дека извршил ракетен напад врз Северен Израел

- Од друга страна, либанската национална новинска агенција, објави дека израелската армија ја бомбардирала Старата џамија во градот Мајдал Селм во областа Тир во Јужен Либан.

Ikrame Imane Kouachi  | 18.10.2024 - Обновена : 18.10.2024
Хезболах тврди дека извршил ракетен напад врз Северен Израел

АНКАРА (АА) - Хезболах денес ја презеде одговорноста за големиот ракетен напад насочен кон населбата Зевулун во близина на Хаифа во Северен Израел, јавува Анадолу.

Според тврдењата на Хезболах, во нападот биле вклучени голем број проектили лансирани од Либан.

Израелската армија соопшти и дека 15 ракети биле истрелани од либанска територија кон областа Галилеја во Северен Израел.

Сè уште не се познати степенот на штетата и жртвите.

Либанската национална новинска агенција, пак, објави дека израелската армија ја бомбардирала Старата џамија во градот Мајдал Селм во областа Тир во Јужен Либан.

Не беа дадени повеќе детали.

Израел од 23 септември врши масовни воздушни напади низ Либан врз, како што тврди, позиции на Хезболах, при што загинаа најмалку 1.437 луѓе, повредени се над 4.123, а раселени се повеќе од 1,34 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на неговата офанзива врз Појасот Газа, во која Израел уби речиси 42.200 Палестинци, повеќето жени и деца, по нападот на Хамас минатата година.

И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на раб на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, тој го прошири конфликтот на 1 октомври со започнување копнен упад во Јужен Либан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın