Elena Teslova
18 Октомври 2024•Ажурирај: 19 Октомври 2024
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денес на прес-конференцијата во Москва изјави дека „Планот за победа“ на украинскиот претседател Владимир Зеленски има цел да го формализира учеството на НАТО во конфликтот во Украина, јавува Анадолу.
„Тој вели: 'Да, момчиња, вие претходно учествувавте, но неофицијално. Ајде да го официјализираме, дека овде го имаме НАТО. Тоа е кратковидо, непромислено, нелогично во неговата ситуација“, изјави Песков за новинарите во Москва.
Песков оцени дека „Планот за победа“ не е план за мир, туку, како што наведе, за дополнително заострување на ситуацијата за да се доведат НАТО и Русија на „раб на конфликтот“.
Коментирајќи ја реакцијата на Западот на планот на Зеленски, Песков рече дека има впечаток оти западните земји очигледно не се задоволни од планот.
„Може да видиме од реакцијата на Европејците, дури и од реакцијата на фактот дека тие воопшто не се среќни да слушаат такви нелогични, искрено, глупави предлози“, рече портпаролот на рускиот претседател.
Зеленски на 16 октомври ја претстави својата визија за ставање крај на конфликтот пред украинскиот парламент, Врховната Рада. „Планот за победа“ содржи пет точки, од кои првата се однесува на официјалната покана на Киев за членство во НАТО и три тајни анекси.
Другите точки се однесуваат на одбраната, ненуклеарното одвраќање, економијата и постконфликтната безбедност во евроатлантскиот регион.