Alaattin Doğru
15 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
ДАКАР (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 14 се повредени при пад на воен хеликоптер во Сенегал, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот на сенегалската војска Алион Ндиаје соопшти дека воен хеликоптер со 20 лица синоќа се урнал во местото Мисирах, во градот Тоуба Кута, во западниот дел на Сенегал.
„Во несреќата животот го загубија најмалку шест лица, а 14 повредени се префрлени во најблиската болница“, соопшти Ндиаје.
Хеликоптерот се урнал во мочурливо подрачје, а Ндиаје рекол дека воениот хеликоптер бил на задача, од Зигиншор во Дакар да го донесе телото на починатиот брат на поранешниот началник на Зигиншор, Роберт Сагн.