Kasım İleri
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку две лица загинаа при пад на американски воен авион во сојузната држава Флорида, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската морнарица соопшти дека авионот „F/A.18F Супер хорнет“ се урнал за време на вежба во морнарската база Бока Чика во регионот Ки Вест.
Несреќата се случила недалеку од пистата на која авионот требало да слета.
Првично од Командата на воздушните сили при американската морнарица е соопштено дека двајцата пилоти пред падот со катапулт скокнале од авионот и се пронајдени во морето, недалеку од воената база. Кратко потоа е соопштено дека не ја преживеале несреќата.