Abdullah Aşıran
21 Ноември 2024•Ажурирај: 22 Ноември 2024
РОТЕРДАМ (АА) - Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп изјави дека доколку дојде во Холандија, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење бидејќи му се суди за извршени воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа, ќе биде приведен, известува Анадолу.
Во својот говор во Претставничкиот дом, Велдкамп рече дека го почитуваат налогот за приведување за Нетанјаху издаден од МКС.
Наведувајќи дека Нетанјаху ќе биде приведен доколку дојде во Холандија, Велдкамп рече:
„Холандија повеќе нема да воспоставува несуштински контакти со Нетанјаху. Холандија мора да се придржува до Римскиот статут на МКС.“