Qays Abu Samra,Zeynep Tüfekçi
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
РАМАЛА (AA) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, се состана со холандскиот министер за надворешни работи, Халбе Зилстра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на палестинската официјална новинска агенција „WAFA“, Зилстра, кој го посети регионот во рамките на официјалните посети, беше примен од Абас во Претседателската палата во Рамала.
На средбата беше разговарано за случувањата во Палестина и политичкиот процес со Израел. Абас повика на воспоставување меѓународен механизам за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, нагласувајќи ја опасноста од одлуката на САД со која го признаа Кудс (Ерусалим) за главен град на Израел.
Новинската агенција наведува дека Абас го информирал холандскиот министер Зилстра за неодамнешните случувања во регионот. Исто така, разговарале и за за чекорите што се преземаат со цел Палестинската држава да биде призната во границите од 1967 година со главен град Источен Кудс и прекинување на окупацијата.