Aida Cako
07 Август 2025•Ажурирај: 08 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Хуманитарна организација им подели топли оброци на раселените Палестинци во централна Газа, додека израелските напади врз блокираната енклава продолжуваат, а недостигот од храна се влошува, јавува Анадолу.
Делењето оброци се спроведе во Деир ал-Балах, каде што жителите се соочуваат со критични хуманитарни услови поради тековните воздушни напади и ограничениот пристап до основни средства за живот.
Најмалку 61.258 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, вклучувајќи 197 кои починале од глад, соопшти Министерството за здравство денес.
Во соопштението на Министерството се вели дека 100 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 603 лица се повредени, со што бројот на повредени во израелските напади достигна од октомври 2023 година достигна 152.045.
Министерството, исто така, соопшти дека уште четири лица починале од глад и неисхранетост во текот на изминатиот ден, со што бројот на жртви од октомври 2023 година се зголеми на 197, вклучувајќи 96 деца.
Медицински извор за Анадолу изјави дека 16-месечниот Мухамед Закарија Асфур го загубил животот во медицинскиот комплекс „Насер“ во Кан Јунис како резултат на компликации поради глад, поради сериозен недостиг на храна и лекови поради израелската опсада.
Активистите споделија видеа на социјалните мрежи на кои се гледа екстремно кревкото тело на Мухамед и испакнатите коски.
Министерството, исто така, соопшти дека 51 Палестинец биле убиени, а 230 повредени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош во изминатиот ден, со што вкупниот број на убиени лица додека чекале помош се искачи на 1.706, а над 12.030 се повредени од 27 мај, кога започна со работа Хуманитарна Фондација за Газа.
Израел спроведува блокада на Газа 18 години, а од 2 март ги затвори сите гранични премини, сериозно ограничувајќи ја хуманитарната помош, со што уште повеќе се влошени тешките услови за 2,4 милиони жители во енклавата.
Според владината канцеларија за медиуми на Газа, Израел дозволил влез само на 92 камиони со хуманитарна помош вчера, далеку помалку од 600 камиони потребни дневно за да се задоволат потребите на жителите.
Израелската армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари. Напорите за уште еден прекин на огнот предводени од САД, Египет и Катар досега не дадоа резултати.