Erdal Türkoğlu,Muzaffer Çağlıyaner
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
АФРИН (AA) - Тимовите на Турската Црвена полумесечина им доставија хуманитарна помош во селото Дејр Балут кое беше ослободено од терористите во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Под претседателството на генералниот претседател на Турската Црвена полумесечина Керем Киник, тимовите во селото Дејр Балут во западниот дел на Африн доставија хуманитарна помош за семејствата и играчки за децата.
Претседателот Киник, ги посети семејствата и ги слушаше проблемите при доделувањето на храна, хигиенски материјали и материјал за домување на селаните кои се жртви на нападите на терористите на ПЈД/ПКК.

Жителите на селото им се заблагодарија на тимовите на турската Црвена полумесечина.
Киник, му помогна на едно семејство и разговараше со малиот Темин Јемин кој има 3,5 години. Тој е болен и лежи веќе една недела. Киник им објасни на членовите на семејството како да го користат лековите.
Мајка Зурија Јемин, на Киник рече: „Не можевме да дојдеме до лекар околу 2 години. Фала му на бога ти ни помогна“
- Киник: „Истражуваме за безбедни области“
Кинкик рече дека додека операцијата продолжува во Африн, се трудат да дојдат до сите цивили што живеат во ослободените села.
„Ние се обидуваме да ги задоволиме потребите на децата и семејствата, а како што се зголемува областа на безбедни места, нашата помош ќе биде испорачана во сите делови на Африн. Планираме на цивилите да им овозможиме безбедно место и да поставиме неколку кампови во ослободените области. Поради ова истражуваме за безбедни области.“

Кинкик изјави дека овој регион е окупиран од страна на терористите со години и дека по ослободувањето го виделе задоволството на луѓето.
„Луѓето велат дека терористичката организација ПЈД / ПКК ги принудила децата да бидат војници и дека нивните средства се конфискувани. Како хуманитарни лица, ние сме тука за да ги ублажиме овие болки. Разговаравме со еден стар чичко кој имаше 65 години. Чичкото беше од арапско потекло кој живее тука 65 години. Тој рече тие се ослободени. Рекоа дека се задоволни од нашата помош. Ние сме тука да го знаеме тоа, со потполно хуманитарна агенда. Тие знаат дека нема да бидат повредени поради нашето присуство. Значи, кога ќе ја видат месечината, ќе се засолнат во неа“, изјави Киник.
Освен Дејр Балут, тимовите испратија хуманитарна помош во други ослободени региони во западниот дел на Африн.