Fatma Esma Arslan
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК во нов обид за клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, покрената од страна на Турските вооружени сили (ТСК) во Сирија, го прикажаа Алепо, тврдејќи дека е станува збор за Aфрин, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи е споделена фотографија со наслов „Стоп за геноцидот во Aфрин“, а е утврдено дека станува збор за фотографија употребена на 3 мај 2016 година со веста „Во нападите на режимот на Асад убиени стотици цивили“.

Со истиот наслов е споделена уште една фотографија, а е утврдено дека на неа се наоѓа девојче од Источна Гута.

Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК се обидоа снимките од Алепо, да ги прикажат во вест со наслов „ТСК ги ограбува домовите на жителите на Африн“.
Фотографијата е направена на 29 декември 2016 година и тоа по евакуацијата на населението од источниот дел на Алепо.
На фотографијата може да се видат силите на Асад и припадниците на милицијата која ја поддржува Иран, како на возило товарат машина за перење облека изнесена од ограбените куќи во Алепо.

Претходно, поддржувачите на ПЈД/ПКК се обидоа фотографијата со детето по име Умам, починато во Источна Гута, да ја прикажат како да е снимена во Африн.
Турските вооружени сили (ТСК), со цел да ги неутрализираат терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ на 20 јануари во пограничното подрачје на сирискиот Африн ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“, во која досега се неутрализирани 947 терористи.
Турските сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Aфрин ослободија вкупно 35 точки, вклучувајќи еден град, 24 села и десет стратешки важни планини и ридови.