Mücahit Aydemir,Enes Canlı
25 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
АЛ КУДС (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, го посети Меморијалниот центар „Јад Вашем“ во Израел и им оддаде почит на жртвите од холокаустот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу е првиот турски министер за надворешни работи што го посети Израел во последните 15 години.
Тој ја започна својата посета со положување цвеќе и оддавање почит на жртвите од холокаустот во комплексот „Јад Вашем“ во западниот дел на Ал Кудс (Ерусалим).
Меморијалниот центар „Јад Вашем“ е основан во 1953 година и е државна институција чија основна цел е да го зачува сеќавањето на геноцидот на еврејскиот народ извршен во Втората светска војна.
Чавушоглу во текот на денешниот ден ќе се сретне со израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид.
Турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, вчера ја посети Палестина, каде што се сретна со неговиот колега Ријад ал Малики и палестинскиот претседател Махмуд Абас.