İdiris Okuduci
24 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
БЕЈРУТ (АА) - Чамец со 60 илегални мигранти потона во близина на брегот на либанскиот град Триполи. Локалните власти трагаат по 14 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
„Потона чамец на кој се наоѓале 60 лица“, објави Црвениот крст на Либан на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Црвениот крст на Либан испрати 7 возила на брза помош во пристаништето на Триполи за да им се помогне на луѓето што се наоѓале во чамецот.
Во соопштението не се наведуваат информации за националноста на луѓето што се наоѓале во чамецот, кој потона во близина на брегот на Триполи во северниот дел на Либан.
Либанскиот министер за транспорт, Али Хамије, во соопштение по повод несреќата информираше дека либанската морнарица спасила вкупно 45 лица и ги довела во пристаништето Трабушам.
Министерот Хамије наведе дека во несреќата животот го загубило едно девојче, а во тек се операции за пронаоѓање на преостанатите 14 исчезнати лица.