Mustafa Keleş
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Амбасадорот на Турција во ОН, Халит Чевик, изјави дека Советот за безбедност на Обединетите нации не донел никаква резолуција во врска со Турција и случувањата на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„На состанокот на Советот за безбедност не е донесена резолуција за Турција или пак за случувањата на севетот на Сирија”, рече Чевик.
Нагласи дека членките ги изнеле своите мислења за последните случувања на северот на Сирија, без носење на резолуција.
Амбасадорот на Венецуела во Обединетите нации, Рафаел Рамирез, од позиција на претседавач со 15-членото тело во февруари, изјави дека Советот за безбедност изрази загриженост за артилерискиот оган врз позициите на ПКК и Курдската демократска унија (PYD), сирискиот огранок на ПКК на северот на Сирија.
Рамирез на новинарите во Њујорк им кажа дека состанокот го барала Русија, инаку постојана членка на Советот за безбедност.
„Членките на Советот за безбедност изразија загриженост поради нападите на Турција во северниот дел на Сирија”, рече Рамирез.
Истакна дека сите членки на Советот за безбедност се согласни дека од Турција се бара да го почитува меѓународното право.
Британскиот амбасадор во ОН, Метју Рајкрофт, рече дека состанокот е обид на Русија да го сврти вниманието од случувањата во Сирија.
Турската војска во последните неколку дена ги гаѓаше позициите на ПЈД и на сирискиот режим, како одговор на стрелбата од нивни позиции од северот на Сирија.