Ekipa
17 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
РАНЧ МИРАЖ (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, изјави дека нема илузии дека договореното примирје за Сирија ќе донесе траен мир на таа „срозена” нација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на самитот на лидери на АСЕАН во Калифорнија, Обама изјави дека Русија е „учесник во уништувањето на Сирија” и дека таму ќе остане заглибена во „жива кал”.
Американскиот претседател додаде дека и покрај неодамнешните освојувања на територии кои ги постигнаа силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад потпомогнати од руските воени напади, и понатаму три четвртини од земјата останува под контрола на останатите сили.
Администрацијата на Обама во вторникот ѝ порача на Русија да го почитува спроведувањето на сириското примирје, додека Пентагон соопшти дека ќе одговори каде што ќе биде неопходно, доколку има кршење на прекинот на огнот во Сирија.
Вашингтон и Москва, минатата недела по конференцијата во Германија, соопштија дека примирјето во Сирија ќе започне на 19-ти февруари.