Fatih Hafız Mehmet
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за ЕУ и нејзин главен преговарач, Омер Челик, изјави дека во Сирија се извршува јавно убиство: „Еден антички народ е подложен на геноцид. Светот е немоќен", јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Челик на својот профил на Твитер ја даде следната изјава: „Гледајќи ја Сирија на картата, може да се види колку малку луѓе имаат право да зборуваат за човечноста и колку многу луѓе овој срам ќе го носат на својата душа“.
Во своето обраќање, министерот Челик се осврна кон некои земји што безмилосните убиства на режимот во Сирија ги слават како победа. „Притоа може да се забележи дека придобивките во име на човечноста немаат никакво влијание врз настаните во Алепо“, рече Челик.
„Во Сирија се извршува јавно убиство. Еден антички народ е подложен на геноцид. Светот е немоќен. Во 'ерата на хуманост', имаме многу убиства, но ниту едно убиство не е толку горчливо и толку јавно како убиствата во Сирија“, истакна министерот Челик.
Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик потсети дека утре е „Денот на човековите права“, и за настаните во Сирија истакна: „Денот за човековите права повеќе не треба да биде само порака, треба тој да се спрведе на дело“.