Mohamad Misto
24 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
АЛЕПО (АА) - Четворица припадници на Сириската национална војска (СБВ) беа убиени денеска по судирите со припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК кои сакале да се инфилтрираат во ослободените области во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воени извори кои зборуваа за АА под услов на анонимност, соопштија дека терористичката организација се обидела да ги премине линиите на контакт со Сириската национална војска во близина на реката Сајур, поттикнувајќи судири меѓу двете страни во кои животите ги загубија припадниците на СНВ.
Во меѓувреме, турската артилерија одговори на обидот за инфилтрација имајќи ги како цел местата на ЈПГ/ПКК во Мунбич, северна Сирија.
На 9 октомври 2019 година, Турските вооружени сили и Сириската национална војска (СНВ) заеднички ја спроведоа операцијата „Извор на мирот“, источно од реката Еуфрат во северна Сирија, за да ја расчистат областа од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, како и да воспостават мирно место за враќање на сириските бегалци.