Erbil Başay
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
БЕРЛИН
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Европската Унија (ЕУ) ќе продолжи да работи на ажурирање на Царинската унија со Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меркел, во изјавата по првиот ден од состаноците на Самитот на лидерите на ЕУ, истакна дека на Самитот имало детални дискусии за односите со Турција.
Наведувајќи дека до Комисијата на ЕУ дала извештај за тоа како може да се продолжи Договорот за миграција со Турција и дека тоа било прифатено, Меркел нагласи дека станува збор за дополнителни 3 милијарди евра финансиска помош.
Осврнувајќи се на ажурирањето на Царинската унија со Турција, Меркел рече: „Ние ќе продолжиме со работата за Царинската унија, и секако очекуваме конструктивно однесување од Турција. Исто така, видовме подобрување на состојбата во Медитеранот.“
Во однос на Русија, Меркел рече дека на состанокот разговарале за тоа под кои услови да се комуницира и да се работи заедно со оваа земја.
Таа исто така додаде дека работат на форматите и условите за започнување дијалози со Русија.
Посочувајќи дека не е постигнат договор за непосреден состанок на ниво на лидери, Меркел рече:
„Сепак, за мене е важно да се зачува форматот на дијалог и да се работи на тоа. Лично, би сакала тука да беа направени похрабри чекори.“
Посочувајќи дека на Самитот имало дискусии за Законот за хомосексуалноста во Унгарија, Меркел рече: „Тука сите ние јасно кажавме кои се основните вредности што ги следиме. Комисијата на ЕУ ќе го разгледува тој закон.“