Sinan Doğan
26 Јуни 2023•Ажурирај: 01 Јули 2023
БОГОТА (АА) - Најмалку две лица загинаа, а три се водат како исчезнати по поплавите предизвикани од обилните дождови во централниот дел на Чиле, јавува Анадолу.
Дождовите предизвикаа излевање на реките, ги оштетија патиштата и загрозија стотици луѓе.
Претседателот Габриел Бориќ го посети регионот во текот на викендот со локалните власти.
„За жал, двајца наши граѓани кои беа затрупани под паднатите стебла го загубија животот, а се трага по три исчезнати лица“, изјави Бориќ.
Тој изјави дека најмалку 419 луѓе останале без покрив над главата, а 1.002 лица се евакуирани на безбедни места.
„Од недостаток на вода беа погодени и различни делови од пристанишниот град Валпараисо“, додаде Бориќ.
Министерката за внатрешни работи, Каролина Тоха, објави дека во Валпараисо и Биобио е прогласена „состојба на катастрофа“.
Властите исто така ги предупредија жителите да бидат внимателни, истакнувајќи дека обилните дождови ќе продолжат уште некое време, како и ризикот од поплави.