Mustafa Deveci
16 Јануари 2024•Ажурирај: 17 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Членот на израелскиот воен кабинет Гидеон Саар изјави дека Хамас сѐ уште е на нозе и далеку од пораз, јавува Анадолу.
„Ако некој мисли дека ќе се појави алтернатива на владеењето на Хамас додека тој сѐ уште постои во Појасот Газа, нема да се случи тоа“, рече Саар.
Истакна дека администрацијата на Тел Авив треба да се придржува кон целите зацртани во нападите врз Газа, како „елиминација“ на Хамас и враќање на израелските заробеници.
Израелската администрација, на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху, постави цели како „елиминација“ на Хамас и враќање на израелските заробеници во нападите врз Газа што почнаа на 7 октомври.
Иако поминаа речиси три и пол месеци од почетокот на нападите, сепак има коментари дека на Израел му е тешко да ги постигне тие цели.