Riyaz Khaliq Khaliq
16 Јануари 2024•Ажурирај: 17 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Два авиона се судрија денес на пистата на аеродром во Јапонија, втор ваков инцидент овој месец, пренесува Анадолу.
Авионите ѝ припаѓале на компанијата Кореан ер и Катау Пацифик со седиште во Хонгконг, во кои имало патници, а инцидентот се случил на аеродромот Њу Читозе во Хокаидо, јави државната телевизија НХК.
Катау Пацифик соопшти дека нејзиниот авион бил „на земја“ со патници кога се случил инцидентот.
Следуваат повеќе детали за несреќата.
На почетокот на овој месец најмалку пет члена на екипажот загинаа кога авион на Јапонската крајбрежна стража и патнички авион на Јапан ерлајнс се судрија на аеродромот во Токио.