Said Amori,Gülşen Topçu
31 Декември 2023•Ажурирај: 01 Јануари 2024
КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Јоав Галант, Министер за одбрана на Израел и Бени Ганц, член на воениот кабинет, одбија да присуствуваат на конференцијата за новинари што ја одржа премиерот Бенјамин Нетанјаху, известува Анадолу.
Во Израел, во рамките на Воениот кабинет, кој е под водство на Нетанјаху, воспоставен по 7 октомври и чии членови се Ганц и Галант, постојат несогласувања околу командата со војната и размената на заробеници.
Израелските медиуми известуваат дека на постоечките недоразбирања им е придодаден уште еден.
Израелската државна телевизија КАН на социјалната мрежа Х објави дека Галант и Ганц одбиле да присуствуваат на конференцијата за новинари што Нетанјаху ја одржа во Тел Авив.
Во соопштението не се наведува причината поради која Ганц и Галант донеле ваква одлука.