Özcan Yıldırım
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Кабинетот на претседателот на претседателот на Турција соопшти дека споредувањето на претседателскиот систем со “Хитлеровата Германија“, кое го користеше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по враќањето од Саудиска Арабија е извлечено од контекст и дадено му е сосема спротивно значење, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека некои медиуми споредувањето на претседателскиот систем со “Хитлеровата Германија“ во потполност го извлекоа од контекст
Во соопштувањето се додавадека Ердоган на новинарите тогаш им рекол дека претседателскиот систем може да постои и во унитарните држави и дека не мора да се ослонува на федерализмот.
Нагласи дека основата и на парламентарниот, а и на претседателскиот систем е спроведувањето на принципите на правдата и исполнување на очекувањата на граѓаните.
Исто така и додаде дека и во парламентарните и во претседателските системи, кога се злоупотребуваат, може да се појави лоша власт која може да резултира со катастрофа како што беше времето во Хитлеровата Германија.
"Ниту парламентарниот, ниту претседателскиот систем не може самиот да биде пречка на појавата на таквите резултати. Важно е прифаќањето на моделот на праведната власт која ќе му служи на народот",се наведува во соопштението.
Се додава дека Ердоган и порано го користел примерот на “Хитлеровата Германија“ за да нагласи како во парламентарниот така и во претседателскиот систем, кога се злоупотребува, може да се појави лоша власт која може да резултира со катастрофа.
Во соопштението се наведува дека некои медиуми наведоа дека “Ердоган ја прикажа Хитлеровата Германија како пример за ефикасен претседателски систем“, што, како се додава, воопшто не го одразува објективното и фер известување.
"Вакво споредување не постоеше. Неприфативо е зборовите на претседателот на Турција, кој порано има кажано дека холокаустот и антисемитизмот, заедно со исламофобијата, претставуваат злочин против човечноста, да се обидуваат да се искористат како позитивен пример на Хитлеровата Германија“ , се наведува во соопштението.