Mehmet Alaca
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, истакна дека неговата земја и членките на НАТО се обидуваат дипломатски да го решат проблемот со Турција во однос на ветото за влез во НАТО на Шведска и Финска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за германскиот информативен канал „Дојче веле“, Хултквист, истакнувајќи дека процесот за членство на неговата земја во НАТО не значи откажување од нејзината неутралност, рече: „Нашите вредности за мир и мирни решенија се исти како и на другите земји во Европа.“
Нагласувајќи дека војната во Украина темелно го променила начинот на кој Швеѓаните размислуваат за влезот во НАТО и за ситуацијата во Европа, Хултквист рече: „Но ние не сме наивни, ги гледаме случувањата околу нас и треба да извлечеме заклучок од ова.“
Шведскиот министер, исто така, додаде дека неговата земја и членките на НАТО се обидуваат на дипломатски начин да го решат проблемот со Турција во однос на ветото за Шведска и Финска за влез во НАТО.