Atila Altuntaş
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот весник СвД (SvD) тврди дека Шведска во јуни ќе аплицира за членство во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на весникот се наведува дека тоа ќе се случи на состанокот на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи на 29 и 30 јуни во Шпанија.
Меѓу другото, премиерката на Финска, Сана Марин, која се наоѓа во Стокхолм за разговори во врска со членството во НАТО, во изјава за финскиот весник „Илталехти“ истакна дека за неколку недели ќе биде откриена одлуката на Финска во врска со членството во НАТО.
Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон и премиерката на Финска, Сана Марин, се состанаа со цел да разговараат за членството во НАТО.