Fatih Hafız Mehmet
23 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу денеска се сретна со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри, со кој разговараше за тензиите во Ерусалим предизвикани од рестрикциите што владата на Израел ги воведе околу комплексот Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван турски официјален претставник за АА потврди дека Чавушоглу и Шукру разговарале телефонски и размениле мислења за израелските рестрикции околу комплексот Ал Акса.
Шефот на турската дипломатија Чавушоглу и вчера за тензиите со комплексот Ал Акса телефонски разговораше со министрите за надворешни работи на Пакистан, Узбекистан и Јордан.
Израелските власти неодамна поставија метални детектори на влезот во комплексот на Ал-Акса, што предизвика бес и масовни протести на Палестинците во Ерусалим и на Западниот Брег.
Израел ја оправдува мерката како како безбедносна потреба по неодамнешните немири во кои загинаа тројца Палестинци и двајца израелски полицајци.