Muhammet Kurşun
11 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
ТЕХЕРАН
Шефот на иранската дипломатија, Мухамед Џавад Зариф, упати извинување за „по грешка“ соборениот авион на украинската авиокомпанија од страна на системот за воздушна одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Зариф, во изјавата објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер, за соборувањето на авионот на украинската авиокомпанија ги обвини САД.
Зариф во својата објава го напиша следното:
„Тажен ден. Првите резултати од истрагата на вооружените сили: Човечката грешка направена поради кризата предизвикана од авантурата на САД предизвика катастрофа. Многу се каеме. Во име на нашиот народ, им се извинуваме на семејствата на жртвите и на сите погодени нации.“