Selen Temizer,Levent Tok,Halit Süleyman
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Видливото присуство на шиитската милиција која под иранска контрола дејствува на целата територија на Сирија, посебно во Алепо, го нарушува договорот за прекин на огнот на подрачјето на тој сириски град, кого целиот свет денес го препознава по снимките на убиените и ранетите жители, како и по уништените градби.
Како што опозициските сили на почетокот на минатата година во целост воспоставија контрола над Идлиб и се приближија кон градот Латакија, Иран „побрза” да му помогне на сојузникот, сирискиот претседател Башар ал Асад.
Новинари на АА преку информации од различни извори дознаваат дека Техеран, испраќањето на милицијата во Сирија ја започнал кон крајот на 2014 година.
Покрај тоа, ирачката војска и разузнавачката служба која се обидува да го одржи режимот „на нозе”, „уфрлија” во Сирија околу 18.000 припадници на шиитската милиција од Ирак, Авганистан, Либан и Пакистан.
Околу 18.000 припадници на милицијата кои моментално се наоѓаат во Сирија, 12.000 се сместени на подрачјето на Алепо. Од тоа 7.000 припаднции на шиитската милиција од 15 ноември изведуваат напади врз источниот дел на Алепо.
Предводници на нападите, во кои за помалку од месец дена се убиени 1.138 цивили, се ирачкото движење Ал Нуџабаal, единиците Лива ал-Бакир, ирачкиот и либанскиот Хезболах.
Припадници на четири организации се сместени во над десет подрачја во источниот дел на Алепо.
Иранските генерали, на западниот и јужниот дел на Алепо користат околу пет илјади припадници на шиитската милиција.
Додека од една страна Турција и Русија разговараат за евакуација на цивилите и припадниците на опозицијата со договор за прекин на огнот во Алепо, шиитската милиција под команда на Иран настојува да го саботира процесот.
Новинарите на АА од командант на опозицијата дознаваат дека по постигнување на договорот за прекин на огнот, во првата етапа е завршена подготовката за евакуација на ранетите. Шиитската милиција не дозволи премин на возилата со ранетите кои дојдоа од контролната точка на режимот.
И покрај преговорите кои траеја неколку часа, милицијата под команда на Иран продолжи со пречување на преминот.